bootstrap navbar

ИНФОРМАЦИИ

На 8 Септември 2023, во Маврово Halkbank ја организира четвртата хронометар велосипедска трка – HALKVELO GREEN. 

И оваа година ве повикуваме заедно да возиме на друмска патека во должина од 22 километри. 

КАТЕГОРИИ НА HALKVELOGREEN

Категоријата ХОБИ (мажи и жени) која се однесува на сите велосипедисти кои рекреативно се занимаваат со овој спорт.   

Во рамки на оваа категорија, формирани се и подкатегории според возраст:
• Мажи и жени од 40 до 49 години 
• Мажи и жени од 50 до 59 години 
• Мажи и жени над 60 години  

Во категорија ДЕЦА, во машка и женска конкуренција, ќе се натпреваруваат:
• деца од 6 до 12 години, кои ќе возат 12 километри, (до Никифорово и назад),  
• деца од 13 до 17 години, кои ќе ја возат целата дожина од 22 километри
*Во моментот на пријавување, при пресметката на годините се зема во предвид возраста на детето на почеток на годината, односно на 01.01.2023 година. 

ТИМСКО РАНГИРАЊЕ
Дали сте дел од некоја компанија, или можеби сте поголема група на пријатели?
Пријавете се како тим за учество и рангирање во екипен пласман на трката HalkVeloGreen.
При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашиот тим или одберете од веќе понудените имиња (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).
ВАЖНО!
• Името на екипата мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на тимот е “ХалкЕко“ тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го напишете/одберете името на тимот “ХалкЕко“.
• Услов за вашиот тим да се најде на ранг листата за тимови е вашиот тим да брои најмалку 3 натпреварувачи-ки, од кој најмалку еден од 3 учесници да е машко или женско. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен.
• При пресметка на екипното време на тимот во предвид ќе се земат времињата само на најдобрите 3 натпреварувачи-ки.
• Рангирањето ќе се изврши во една категорија (мешани екипи) и најдобрите 3 тима ќе бидат наградени со дипломи и трофеј.
• Резултатите ќе бидат објавени веднаш по завршување на трката.


ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА HALKVELOGREEN
Пријавувањето на учеството во трката се одвива преку www.smartrace.club и истото ќе трае до 3 септември 2023.  
Вкупниот број на учесници е ограничен, и доколку предвидениот број на учесници се пополни пред наведениот рок, пријавувањето ќе биде затворено. 
Пред да се пријавите за трката ве молиме да ги прочитате условите за учество во трката кои се составен дел од вашата пријава.

КОТИЗАЦИИ
Котизациите за учество во трката изнесуваат: 
600 денари - за пријави од 10.07 до 13.08 
800 денари - за пријави од 14.08 до 03.09 
Сите собрани котизации се наменети за хуманитарна и општествена цел. 

СТАРТ НА HALKVELOGREEN
Стартот на трката ќе биде хронометар, што значи дека на секои 30 секунди ќе стартува по еден велосипедист.  Стартното време секој учесник ќе го добие на емаил по затварањето на пријавите и истото ќе биде објавено во финалната стартна листа после 3-ти септември 2023.
Распоредот за старт на трката по категории е следен:  
09.30 – старт на учесниците во категоријата ПРО Кидс од 6 до 12 години кои ќе возат патека од 12 километри 
10.30 – старт на учесниците во категоријата ПРО Кидс од 13-17 годишна возраст кои ќе се возат на патеката од 22 километри 
11.30 – старт на учесниците во категоријата ХОБИ на патека од 22 километри 

Секој учесник ќе стартува според времето кое ќе биде објавено во стартната листа после 3 септември 2023. 

СТАРТЕН ПАКЕТ
Секој учесник во трката ќе добие: 
• Стартен број со чип
• Медал за завршена трка 
• Освежување 
• Онлајн диплома 
• Бесплатни фотографии од трката (Pic2Go) 
• Подарок од Халкбанк 
• Подарок од пријателите на трката 
• Осигурување од несреќен случај за времетраење на трката 

Напомена: Организаторот го задржува правото на измена на содржината на стартниот пакет без претходна најава. 

ПОДИГАЊЕ НА СТАРТНИ БРОЕВИ
Стартните броеви ќе се подигаат од 5 до 6 септември, од 10 до 19 часот во продавницата ProBike (www.probike.mk) во Скопје. Стартниот број мора да биде поставен напред на вашиот велосипед. Доколку бројот го поставите на вашиот грб чипот нема да го регистрира вашето време. 

НАГРАДИ
Во категорија ХОБИ мажи/жени:
1 место - 15.000 денари
2 место - 10.000 денари
3 место - 5.000 денари
Во категорија ДЕЦА од 6 до 12 години* (машки/женски):
1 место -10.000 денари
2 место - 5.000 денари
3 место - 3.000 денари
Во категорија ДЕЦА од 13 до 17 години* (машки/женски):
1 место - 10.000 денари
2 место - 5.000 денари
3 место - 3.000 денари

Во категорија ТИМОВИ, ќе бидт нагрдени најдобрите 3 тима со трофеи и подароци од организаторот и пријателите на трката.

Паричните награди во категоријата ХОБИ ќе се исплатат на сметка на добитникот во Халкбанк и секој од добитниците ќе добие гратис MasterCard дебитна картичка.

Паричните награди во категориите ДЕЦА ќе бидат исплатени на детска штедна книшка во Халкбанк.
* За првите 3 места во категориите ДЕЦА ќе треба да се докаже возраста на детето (ученичка книшка, пасош, извод од матична книра на родени), во спротивно ќе следи дисквалификација.

Во категоријата ХОБИ со трофеј и медали ќе бидат наградени и сите прво рангирани, мажи и жени, во следните возрасни категории:
- од 40 до 49 години 
- од 50 до 59 години 
- над 60 години  

Церемонијата на доделување на награди за сите добитници ќе започне во 14.00 часот на денот на трката.

ОПИС НА ПАТЕКАТА
Стартот на трката ќе биде на големиот паркинг пред спортската сала, а на истото место ќе биде и целта. Се вози до пред Хотелот Радика каде се врти полукружно и потоа се враќаме назад по истата патека (линк кон видео на патека).
Мерењето ќе биде со помош на чипови, и ќе има поставено контролни точки на старт/цел и на вртењето пред Хотелот Радика.
Патеката е долга 22км за категориите ХОБИ и КИДС од 13 до 17 години, додека за категоријата КИДС од 6 до 12 години е 12км.
На неколку места на патеката ќе има судии кои ќе се грижат за регуларноста на трката. 

За сите дополнителни прашања контактирајте не на емаил info@halkvelogreen.mk

HalkVeloGreen е организација и трка во рамки на ХалкЕко платформата на Халкбанк која е во функција на промоција на здрави животни навики кај луѓето и придонесување кон зачувување на животната средина